FAQ
Често поставувани прашања
Сè што треба да знаеш пред да купиш фотографија на Photonia
Што добивам кога купувам фотографија?
Добиваш оригинална HD фотографија без воден жиг, во целосна резолуција (обично над 4000 пиксели по долгата страна). Фотографијата се испраќа како дигитално преземање во JPG формат, со вграден sRGB профил на бои. Нема физичка испорака.
Која е разликата помеѓу Личната и Комерцијалната лиценца?
Личната лиценца е за приватна, некомерцијална употреба: печатиш за себе, ставаш во рамка, ја користиш на личен профил без спонзорски контекст.
Комерцијалната лиценца е за бизнис употреба: веб страница, маркетинг материјали, прес соопштенија, огласи.
Обете лиценци забрануваат препродажба, употреба за обука на вештачка интелигенција и употреба во NFT контекст.
Детаљни услови на /legal/license.
Што значи ознаката Editorial Only?
Фотографиите со ознаката Editorial Only содржат препознатливи лица снимени на јавни настани без индивидуална писмена согласност. Дури и со Комерцијална лиценца, ваквите фотографии не смеат да се употребат во реклами кои имплицираат дека прикажаното лице го одобрува производот или услугата, во политичка пропаганда без согласност, или во контекст кој ја нарушува репутацијата на лицето.
Подетално на /legal/editorial-notice.
Како ја преземам фотографијата?
По плаќањето добиваш е-пошта со директни линкови за преземање за секоја купена фотографија. Секој линк важи 30 дена од купувањето. Зачувај ја фотографијата локално веднаш по преземањето.
Како да платам?
Плаќањето е безбедно преку сертифициран платежен процесор. Прифаќаме Visa, Mastercard и American Express. Цените се прикажани во македонски денари (МКД).
Не сум добил е-пошта со линкови за преземање, што да правам?
Прво провери ја папката Нежелена пошта (Spam). Ако и таму нема, пиши ни на support@photonia.mk со е-поштата и приближното време на купувањето — ќе ти го испратиме мејлот повторно во најкус можен рок.
Мора ли да се регистрирам за да купам?
Не. Не е потребна регистрација. При плаќање внесуваш само е-пошта, а линковите за преземање ти доаѓаат на истата е-пошта. Чувај го мејлот — тој е твојот пристап до купените фотографии.
Јас сум на фотографијата и не сакам да се продава. Што можам да направам?
Имате право да поднесете барање за бришење на фотографијата согласно членот 16 и членот 21 од Законот за заштита на личните податоци. Испратете барање на privacy@photonia.mk со опис на фотографијата. Одговараме во рок од 7 работни дена. Детална постапка на /legal/takedown.
Дали можам да ја купам фотографијата ако јас сум на неа?
Да. Ако се препознаваш на фотографија и сакаш да ја имаш, можеш да ја купиш по редовна цена. При купување, исто важат условите на лиценцата. Доколку сакаш фотографијата да биде отстранета наместо да ја купиш, постапи преку процедурата за бришење.
Кои се техничките спецификации на фотографиите?
Фотографиите се испорачуваат во JPG формат, оригинална резолуција (типично 4000 до 6000 пиксели по долгата страна), бојна профил sRGB, соодветни за печат до A2 формат при 300 DPI, и за сите дигитални употреби. Воденот жиг е отстранет на оригиналот кој го преземаш.
Дали можам да барам поврат на средства?
Поврат по преземање не е возможен бидејќи се работи за дигитален производ испорачан веднаш по плаќањето. Поврат е возможен само ако линкот не функционирал поради техничка грешка на наша страна — јави ни се на support@photonia.mk во рок од 72 часа од купувањето и ќе решиме. Сите услови за поврат се содржани во Политиката за поврат.
Не најде одговор на твоето прашање?
info@photonia.mk