Прес пакети и B2B понуди
Оригинални HD снимки од македонски јавни настани, достапни за редакции, агенции, општини и организации. Флексибилни пакети со invoice и формална документација.
Медиуми и редакции
Дневни портали, новинарски агенции, телевизии. Пристап до настани снимени на лице место.
Општини и институции
Документирање на јавни настани, прес конференции, официјални церемонии.
Агенции и партии
Маркетинг агенции, политички партии, НВО. Editorial употреба со јасни ограничувања.
Корпоративни клиенти
Компании кои бараат документарна фотографија од јавниот контекст во кој работат.
Што добиваш со B2B понуда:
- Оригинални HD фотографии со Комерцијална лиценца
- Прес пакети со 5, 10 или 20 снимки со намален износ
- Годишен ретајнер за неограничен пристап до категорија
- Приоритетна испорака со директни линкови за преземање
- Custom понуди за масовни нарачки на редакции
- Invoice и формална документација за буџетски купувачи
Годишен ретајнер
За редакции и организации кои редовно бараат фотографии, нудиме годишен ретајнер со неограничен пристап до избрана категорија снимки (на пример: сите политички настани, или сите спортски настани во текот на годината). Цената на ретајнерот се договара индивидуално во зависност од категоријата и обемот на употреба.
Ретајнерот вклучува invoice, формален договор и приоритетна поддршка.
Важна напомена за Editorial употреба
Поголемиот дел од фотографиите содржат препознатливи лица снимени на јавни настани и се означени со ознаката Editorial Only. Ваквите фотографии не смеат да се употребат во рекламен контекст кој имплицира поддршка од прикажаното лице. Подетално во Editorial напомената.
Испрати барање за понуда
Опиши ги твоите потреби: каква содржина барате, колку снимки, за каква употреба. Одговараме во рок од 24 часа со конкретна понуда.
info@photonia.mkОдговараме во рок од 24 часа